Со случајот на Лук де Јонг Барса и да сака не може да го продаде бидејќи прво треба да го откупи од Севиља за што во моментов нема пари.
А и доколку го откупи повторно е проблем со наоѓање на заинтересирани клубови кои би дале висока сума за играч кој по заминувањето на Куман настапи само на еден натпревар.
Единствено решение е и тие да го дадат на позајмица.
Инаку Де Јонг дојде во Барса бидејќи Роналд Куман инсистираше да дојде холандскиот напаѓач, на оваа негова одлука се согласи и Жоан Лапорта.
Де Јонг беше стандарден додека Куман го водеше тимот, но целосно потфрли на теренот. По тренерската смена и доаѓањето на Чави тој го загуби местото на првотимец.
Фенербахче покажал интерес за него, турскиот гигант е во контакт со Барса и Севиља, се обидуваат да најдат решение за да се оствари позајмицата.