Семејна трагедија е причината поради која Лоренцо Инсиње нема да биде дел од репрезентацијата на Италија за натпреварите од Лигата на нации против Англија и Унгарија.

Медиумите објавија дека сопругата на фудбалерот, Џени, го загубила бебето во шестиот месец од бременоста. 31-годишниот играч на Торонто имал психолошки шок, но пријателите му помогнале да се опорави.

Лоренцо и Џени се во брак од 2012 година и веќе ги имаат двата сина, Кармин (9) и Кристијан (7).