Андреј Стојаковиќ, синот на некогашната ѕвезда на Сакраменто кингс, Пеѓа Стојаковиќ, добива се поголемо внимание во САД.

Момчето има 18 години и откако заврши средно образование на ред е да одбере колеџ. Како што е ред, летово прошетал дел од големите колеџи низ САД, со реномирана кошаркарска програма, а еден од последните е колеџот во Орегон.

Се појави видео, како таму шутираат тројки заедно со својот татко. Каков татко – таков син, Пеѓа реди тројки, а по него и Андреј. Тој е висок 201 сантиметар, играше како ниско крило во средношколската лига, за Џезуит од Сакраменто, а најдобри бројки имал во трета година со просек од 25,3 поени и 9,3 скока по натпревар.

Неговата мајка е Гркинка, а добар дел од животот поминал во Грција, па се уште не се знае дали ќе одбере да настапува за Србија или за Грција.

https://twitter.com/brhoops/status/1571582337401622528?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1571582337401622528%7Ctwgr%5E1182bca24fcc73765858de88482e532cb7a2e985%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsport1.mk%2Fkosharka%2Fnba%2Fkrushata-pod-krusha-pagja-tatko-i-sin-stojakovikj-redat-trojki-video