Напаѓачот Ваљон Етеми се пожалил на проблем со бутен мускул, додека капитенот Стефан Ристовски имал повреда на тетивата и нема да можат да помогнат против Грузија и против Бугарија. Додека Етеми не е стартер,Ристовски ќе биде тешко да се замени, а од таборот на репрезентацијата најавија дека ќе има дополнително повикани фудбалери, чии имиња се чекаат во текот на денов. Македонската репрезентација веќе не можеше да смета на Дарко Чурлинов, кој исто така е стартер, а има повреда која ќе го оддалечи од терените два месеца.
Првиот тренинг на репрезентацијата е денеска од 17.30, а натпреварите со Грузија и со Бугарија се предвидени за 23 и за 26 септември. Ова е втор „прозорец“ натпревари од Лигата на нации, а по четири кола, Македонија е на второ место во својата група со седум бода, три помалку од Грузија.