Наполи продолжува со одлични игри во Серија А. Тимот на Елиф Елмас стигна до осмата победа откако на домашен терен ја совлада Болоња со 3-2. Македонскиот интернационалец доби шанса од клупата во последните дваесетина минути од мечот.
Зиркзе погоди за изненадување во 41.минута, но Хуан Хесус израмни само четири минути подоцна.
Во вториот дел, Ирвинг Лозано го доведе Наполи во предност во 49.минута, а само три минути подоцна одговори Муса Бароу.
Сепак, „наполитанците“ дојдоа до победа со голот на Виктор Осимен во 69. минута од натпреварот.