Кадиз вечерва немаше сила за изненадување на Сан Себастијан, па Реал Сосиедад си обезбеди победа од 2-0 во 29. коло од Ла Лига.

Реал Сосиедад постигна по еден гол во двете полувремиња, и тоа најпрво преку Мерино во 28. минута, а потоа Закарјан стрелаше за 2-0.

По 29 одиграни кола, Кадиз е во зоната за испаѓање со 22 освоени бодови, додека Реал Сосиедад е на шестата позиција со 46 бода.