Лондонски Арсенал со 5-0 го совлада ол-стар тимот на МЛС лигата во пријателски натпревар. Нартпреварот се одигра на стадионот „Ауди Филд“ во Вашингтон.

Во петтата минута напаѓачот Габриел Жесус го отвори резултатот. Во средината на првото полувреме Леандро Тросар постигна втор гол, а веднаш по паузата играчот од средниот ред Жоргињо реализираше пенал.

Мартинели и Каи Хаверц беа стрелци на головите на крајот од натпреварот.

Арсенал во следниот пријателски натпревар ќе се судри со Манчестер Јунајтед. Натпреварот е закажан за 23 јули.

https://youtu.be/WCSfdF2Wqb8
https://youtu.be/WCSfdF2Wqb8