Во најдраматичен натпревар на Копа Америка, селекцијата на Панама го изненади домаќинот Соединетите Американски Држави со 2-1 (1-1) и направи хаос во групата Ц.
Во 18. минута Тимоти Веа заработи директен црвен картон. Но само четири минути подоцна Фоларин Балагун ги доведе Американците во водство (0-1). Четири минути по водството на домаќините, Сесар Блекман израмни и ја врати Панама во натпреварот.
Вториот дел беше непредвива бркотница, а повеќе среќа имаше составот на Панама. Судијата досуди пенал за панамскиот национален тим, но по прегледувањето на ВАР-снимката ја смени одкуката. Сепак, иницијативата на „црвените“ вроди со плод и Хозе Фахардо на седум минути до крајот ја доведе Панама во водство со 2-1.
Следуваше целосен налет на Американците, а во надополнувањето по еден прегруб старт на Адалберто Караскиља и Панама остана со човек помалку, па натпреварот двете селекции го доиграа со по десетмина. Панама се одбрани и со овие три бода целосно се врати во игра за четвртфиналето.
Боливија и Уругвај ноќва го играат вториот натпревар од второто коло во групата Ц на Копа Америка.