Милан како фаворит влегува во последното коло за освојување на титулата, нив ги дели само една победа од големото славје, титула по цели 11 години.

За да ги обезбедат бодовоите, Милан мора да победи кај Сасуоло. Во редовите на нивните навивачи владее незапамтена атмосфера, еуфорија како веќе да се шампиони, но мора дефинитивно да ја прескокнат и последната пречка.

Интересен податок ни носат италијанските медиуми за стадионот „Мапеи“ во пресврет на последното коло од оваа сезона.

Имено, фановите на Милан ќе бидат присутни во огромен број на ова гостување, ќе ги има дури 18.000 на стадионот, а замислете, стадионот со полн капацитет е 24.000 седишта, што значи дека навивачите на Милан ќе ги преплават трибините со 80% од капацитетот.