Реал Мадрид му понудил продолжување на договорот на Тони Крос, но германскиот играч за врска, кој има договор со клубот до летото 2023 година, ја одбил понудата. Според мадридска „Марка“, Крос сака да види како ќе се развива следната сезона пред да донесе одлука каде ќе ја продолжи кариерата.
Крос не е незадоволен од Реал, но претходно истакна дека нема намера да игра вечно. Тој сака да се пензионира во клубот во кој му се приклучи во 2014 година како 24-годишен играч и со него, меѓу другите трофеи, освои четири титули во Лига на шампиони и три шампионски титули во Шпанија.
За разлика од Крос, Модриќ се согласи да го продолжи договорот кој му истекува оваа сезона. Како што пренесуваат шпанските медиуми, се чека само официјалната потврда за потписот на договорот, според која тој ќе настапува во клубот и следната година. И додека останува непознато што понатаму ќе прават челниците на Реал, засега е познато дека Крос потоа ќе одлучи дали ќе остане или ќе замине.