Фудбалерите на Милан ремизираа 1:1 на гостувањето кај Удинезе во 17. коло од Серија А.

Стрелец на водечкиот гол на натпреварот беше Бето во 18. минута.

Одбраната на Милан направи голема грешка, а домаќините го искористија подарокот за да стигнат до голот.

Тоа беше седми гол во првенството за 23-годишниот Португалец, кој е најдобар стрелец на својот тим во дебитантската сезона во Серија А.

https://www.dailymotion.com/video/x867lyv

Да остане Милан непоразен се погрижи Златан Ибрахимовиќ во 92. минута од натпреварот.

Конфузија имаше во шеснаесетникот на домаќините, а највешт беше Швеѓанецот .

https://www.dailymotion.com/video/x867o5k

До крајот на мечот беше забележан само црвен картон за Исак Саксес во 96. минута .

Илија Несторовски целиот натпревар го преседа на клупата за резервни играчи .

Со ова реми, Милан најверојатно ќе ја загуби лидерската позиција во лигата, со оглед на тоа дека и Интер и Наполи можат да ги минат доколку триумфираат.

Во следното коло Милан ќе го пречека Наполи во дербито од 18. коло.