Каталонскиот гигант Барселона славеше вечерва со 2-1 против турски Галатасарај во реваншот од осминафиналето на Лига Европа и се избори за место во четвртфиналето, каде што се пласираа уште и Аталанта, Ренџерс и Брага.
Галатасарај го „запали“ Истанбул со голот во 28. минута преку Маркао, но потоа волшебникот Педри измами неколку фудбалери на ривалот и стрелаше за 1-1 во финишот од првото полувреме.
Целосен пресврт на мечот обезбеди Пјер Емерик Обамејанг во второто полувреме, кога погоди за 2-1 во 50. минута, а потоа каталонскиот тим го задржа водството до крајот на мечот.
На останатите натпревари Брага одигра 1-1 против Монако и со вкупни 3-1 се пласираше во следното коло, каде што се пласираа и Ренџерс иако загуби од Ц. Звезда (1-2) а со вкупни 4-2, додека Аталанта ја зачува мрежата кај Баер Леверкузен и со вкупни 3-2 мина понатаму.