Екипата на Реал Сосиедад го победи Еспањол со 0-1 (0-0) среде Барселона, додека Хетафе и Рајо Ваљекано ремизираа без голови (0-0).
Одличниот Јапонец на Реал Сосиедад Такефушо Кубо, вечерва беше резерва. Еспањол одлично се држеше против фаворизираните Баскијци, но потоа Кубо сам донесе три бода во Сан Себастијан. Тој во 80. минута се проби по левата страна покрај двајца чувари, влезе во шеснаесетникот и со спектакуларен удар ја заби топката во мрежата за 0:1.
Ова се првите бодови во сезоната за Реал Сосиедад, по шокантниот пораз од Рајо Ваљекано на стартот од шампионатот. Еспањол останува без бодови и очигледно ќе му биде тешко во првата сезона по враќањето во шпанската елита.
Хетафе и Рајо Ваљекано одиграа 0-0 во дуел на две екипи од предградието на Мадрид. Во навистина тежок натпревар, не беше забележан ниту еден удар кон голот, така што овој исход е повеќе од реален. Ова е прв натпревар во Примера од сезоната 2003/04 кој заврши без удар кон противничкиот гол. Рајо има одлични четири бода, а Хетафе забележа второ реми.