Франција се врати на победите, со 2-0 ја совлада Белгија, а потезите на Дидие Дешан вродија со плод, Французите не само што победија, туку тоа го направија со одлична игра.
Дешан одлучи пресметката да не ја започне со досега стандардните Мбапе и Гризман, двајцата беа седнати на клупата. Во игра влегоа во текот на второто полувреме.
Резултатот го отвори Коло Муани кој беше стрелец во 29. минута по асистенција од Дембеле.
Во 57. минута гол даде и самиот Хусман Дембеле реализираше по додавање од Канте.
Белгија изгледаше немоќно на овој меч и може да биде среќна што загуби со само два примени гола.
Италија со 2-1 го совлада Израел, головите ги постигнаа Фратези и Кин.
Словенија со хет-трик на Шешко беше подобра од Казахстан со 3-0. Црна Гора на свој терен загуби од Велс со 2-1, Норвешка со ист резултат ја победи Австрија, Халанд го постигна победничкиот гол, Турција со 3-1 беше подобра од Исланд.