Њукасл трет натпревар  по ред не може да стигне до победа – ама и не губи. Трето реми по ред за Њукасл, овојпат одиграа нерешено на гостувањето кај Борнмут, 1-1 и останаа на четврото место на табелата во Премиерлигата.

Домаќините поведоа со гол на Сенеси во 30. минута, во судиското продолжение од првиот дел Алмирон го изедначи резултатот на 1-1.