Борусија Дортмунд ја победи Гројтер Фурт (3:0).
Ерлинг Халанд со постигнатите два гола во овој триумф го собори клубскиот рекорд од постигнати 30 гола во една календарска годин.
Во 33. минута Борусија доби пенал, а топката ја зеде Ерлинг Халанд. Додека најдобриот играч на домашната екипа се местеше да упати удар од белата точка, резервните играчи на противничката екипа се обидоа да му го одвлечат вниманието.
Застанаа речиси зад голот на својот голман, а судијата го виде тоа и побара од нив да се вратат на своите места. Халанд потоа рутински реализираше пенал.