Фудбалскиот маѓионичар Меси, стана најтрофеен фудбалер во светот. Аргентинскиот ас синоќа освои уште еден трофеј откако со Интер Мајами го освои Лига Купот, за Аргентинецот тоа беше 44. пехар со кој испиша историја.
Пред вчерашната ноќ, Лео Меси имаше 43 трофеја исто колку и Дани Алвеш. Откако Аргентинецот го крена пехарот од Лига Купот со Интер Мајами, осамна сам на листата.
Меси се препороди во Мајами по просечната авантура во ПСЖ, Аргентинецот повторно е среќен, а од тоа голема корист има и тимот на Дејвид Бекам. Трофејот од Лига Купот беше прв, историски за Интер Мајами.
Неговиот нов тим го освои Лига купот, откако го совлада Нешвил по подобро изведување пенали. Во регуларниот тек дуелот заврши 1-1.
https://twitter.com/MLS/status/1693075081788871090?s=20