Чаирчани скапо го платија лошиот старт на мечот кога примија два гола, а потоа откако Бразилецот Кевен со голчиште од 25 метри ги врати во мечот, промашувањата на Али Адем во завршната третина и исклучувањето на Валид Хамиди на шест минути пред крајот донесоа казна со гол на Гери О’Нил буквално во последните секунди од мечот.
Грахам Бурк од пенал во 13-та минута донесе водство после несмасниот пенал што го направи сенегалското засилување Алберт Диене, а потоа Дилан Вотс ја дуплираше предноста после акцијата, типично островска, од гол на гол и Шамрок во првиот дел тотално го надигра Шкупи.
За разлика од првиот дел, во вториот чаирчани заиграа многу подобро и во завршните половина час дојдоа до шанси за гол, но прво Адем промаши колосална можност во 70-та, па Кевен на 12 минути пред крајот намали, а Адем во 81-та повторно имаше шанса.
Завршницата Шкупи ја одигра со десетмина после исклучувањето на Валид Хамиди, но чаирчани не успеаа да останат барем на гол негатива, откако примија гол длабоко во судиското надополнување, па сега тешка задача ги чека на реваншот . да обезбедат групна фаза најмалку во КЛ.