Поранешниот македонски шампион Шкендија одигра реми против АИК (1-1) во Стокхолм во Конференциската лига, но навивачите на тетовскиот тим повторно испратија политички пораки и ги налутија Србите.
На трибините во Шведска можеа да се забележат неколку провокативни транспаренти, меѓу кои еден беше „Косово е Албанија“, а потоа на друг ја имаше и картата на голема Албанија.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) вообичаено не толерира политички пораки за време на натпреварите, па се очекува казна поради овој потег на навивачите на Шкендија.