Екипата на Вилљареал со три бодови се враќа од гостувањето кај Реал Сосиедад. Фудбалерите на Вилјареал остварија важна победа во Сан Себастијан со 3-1 во 26. коло од шпанската Ла Лига.

 

Херој на четата на Марселињо беше Санти Комесана, кој ги постигна првите два гола на натпреварот. 27-годинишот играч за врска, на Виљареал му донесе водство во седумнаесеттата минута, кога на додавање на Раул Албиол погоди за 0-1. Овој резултат беше активен до втората минута во второто полувреме, кога Комесана повторно се најде на вистинско место и погоди за 0-2. По вториот гол на гостите следуваше затишје пред ураган, а потоа следуваше бурен финиш. Мерино во 86. минута, намали на 1-2 и ја врати надежда кај домаќините, но Сорлот во судиското надополнување стави точка на натпреварот и ги постави конечните 1-3.

Во следното коло Виљареал пред својата публика ќе го пречека тимот на Гранада, додека Реал Сосиедад гостува кај Севиља.

Вилјареал се наоѓа на 12. место со 29 бодови, додека Реал Сосиедад е шести со 40 бода.