Македонскиот репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми во новата сезона ќе се надигруваат со најдобрите фудбалери на светот. Динамо Загреб ја доби драмата со норвешкиот шампион Бодо/Глимт и се враќа во Лигата на шампионите.
Лудиот реванш на „Максимир“ заврши со победа на домаќините од 4-1, со два гола во продолженијата, а во соблекувалната на „модрите“ на радоста ѝ немаше крај. Очекувано, „главен“ во славјето беше нашиот репрезентативен капитен.
View this post on Instagram