Кеси лани бесплатно дојде во Барса, но не се избори за првотимски статус, а не е во посериозните планови на Чави Ернандез и Каталонците го имаат на транфер-листата очекувајќи заработка од неговата продажба. Според последните информации од Каталонија, Ливерпул веќе почнал прелиминарни разговори за евентуален трансфер и подготвен е да плати 35 милиони евра за Кеси.
Ова за Барса е супер зделка, зашто за ангажманот на Кеси не плати ништо, а ќе заработи добра сума на пари која е добредојдена во борбата за што поголеми приходи и финансискиот план кој ЛА Лига им го одобри за идната сезона, поради кризата која две години ги тресе Каталонците со огромниот долг од преку една милијарда евра.