Сиваспор славеше со 3-0 против Клуж на домашен терен и го презеде врвот во групата Г, а Славија Прага минимално го победи Балкани (0-1).
Слован Братислава со пресврт го победи Пјуник со 2-1. Од македонските фудбалери во гостинскиот тим вечерва настапи само Спировски, додека Радевски и Ристовски не беа ниту на клупата за резерви.
Ѓургарден на гости го совлада Молде со 2-3, а Хартс ја победи Рига со 2-1.