Тимот на Бохум му нанесе непријатен пораз (1-0) на Лајпциг кој се бори за пласман во Лигата на шампионите. Домаќинот славеше со голот на Ерхан Масовиќ во 48.минута од натпреварот.

Хофенхајм конечно стави крај на црната серија и успеа да победи со 3-1 против Херта. Андреј Крамариќ двапати погоди од пенал, а реализира и Илхан Бебу.

Волфсбург оствари минимална победа (0-1) на гости против Штутгарт со голот на Омар Мармуш, а Шалке освои бод (1-1) на гости против Аугсбург.