Тогашната „десетка“ на Македонија вели дека не планирал такво нешто однапред и дека спонатно му дошла идејата да се обиде.
„Одлуката да му шутирам директно во голот на Симан е донесена во неколку секунди. Мислам дека никој не рекол јас утре на противничкиот голман планирам да му шутирам од корнер“, вели Шаќири.
Во таа 11. минута, го отвори резултатот и најави дека Македонија не е дојдена со бело знаме во Саутемнтон, пред мечот да заврши со конечни 2-2. Меѓутоа ова не беше прв таков подвиг и ако Шаќири знаел нешто однапред, тоа е дека е способен да изведе такво фудбалско ремек-дело.
„Тоа ми беше трет гол од корнер. Првиот гол го постигнав со Караорман во Делчево, вториот со Вардар против Скопје на Градски и ова беше третиот гол кој стана белег засекогаш. Не се работи за анонимус голман, тој е легендарен чувар на мрежата на Англија и на Арсенал, откако му го дадов голот, престана да брани за репрезентацијата. Како што кажав, во дел од секундата одлучуваш дали ќе шутираш. Тие беа многу посилни физички, високи, и голманот и одбраната, па си реков ќе шутирам, среќа влезе и радоста беше голема, не само за мене, туку и за целата екипа“, додава Шаќири.