Кунг-фу потегот на Адем беше несмасен и беспотребен, па дури и коментаторот на регионалната Спортклуб каде се пренесуваат мечевите на Пандевци, почна да вика – уф, уф, уф…!
Академија Пандев повторно извлече реми (1-1) против Шкупи. После црвениот картон во 27.минута, неколку минути подоцна гостите поведоа со голот на Гаги Маргбелашвили. Сепак, Академија Пандев израмни во 79.минута со голот од пенал на Кристијан Велиновски.