Интер успеа да се пласира во четвртфиналето на Купот на Италија откако дури по продолженија го скрши отпорот на Парма и славеше со 2-1.

Гостите поведоа со прекрасниот гол на Станко Јуриќ во 38.минута, а израмни Лаутаро Мартинез во 88.минута и го одведе мечот во продолженија.

Франческо Ачерби постигна гол со глава од 16 метри, во 110.минута за триумф и пласман во следната рунда од Купот на Италија.