Фудбалската кариера на големиот бразилски талент, Ренан Виктор да Силва (20 години) во дел од секундата отиде во непосакуван правец, откако возејќи пијан и без дозвола удрил во мотоциклист, кој веднаш починал.
Станува збор за дефанзивец на Палмеирас, што играл на заем во Брагантино, кој без никаква причина почнал да вози во спротивната лента и директно се судрил со несреќниот мотоциклист.
Тој веднаш бил уапсен, а полицијалата подоцна утврдила дека бил во алкохолизирана состојба, но и дека немал положено возачки испит. Да Силва се соочува со голема затворска казна и тешко дека повеќе некогаш ќе заигра фудбал.