Во дуелот против Динамо Загреб изгледаше немоќно, но Вардар се покажа во значително подобро издание против Свонси на пријателскиот меч кој се играше во Австрија, дуелот заврши 1-1.

Вардар имаше водство по првото полувреме, голот го даде Дианеси во 21. минута од натпреварот.

Предноста Вардар ја чуваше и понатаму, а Свонси тргна поофанзивно во вториот дел. Голманот Филип Гачевски фати неколку сериозни шутеви на противникот, но не успеа да го спаси оној во 62. минута кога новајлијата Франко успеа да израмни на 1-1.

До крајот на мечот Свонси имаше повеќе од шансите, но одбраната на Вардар беше на ниво и мечот заврши со резултат 1-1. Се играше 93. минута кога Гачевски изведе врвна парада, па ја извади топката од самата гол-линија.

Ова беше прво реми во подготовките на Вардар, откако претходно ги победија Мура и Чарда Мартјанци, а загубија од Бистрица и Динамо Загреб.

По денешниот дуел, експедицијата на Вардар се враќа во Скопје. Во понеделник ќе го дознае и распоредот за новата сезона во домашното првенство, за кога е закажана ждрепката.