Италијанскиот новинар Фабрицио Романо, гуруто за трансфери објави дека Барса е на чекор до договор со Ињиго, кој во Каталонија би дошол бесплатно како слободен играч. И овој фудбалер за Барса е приоритет, зашто неколку други опции ги ставиле во втор план, само за да го договорат дефанзивецот.
Дали трансферот ќе се реализира и Мартинез ќе дојде на „Камп Ноу“ ќе зависи од финансискиот фер-плеј, зашто Барса има забрана за регистрации, не им помина ни новиот договор со суперталентот Гави, а Ла Лига од нив бара за следниот преоден рок да го скратат буџетот за уште 200 милиони евра.