Бодо/Глимт стигна до четвртфиналето на Конференциската лига. Откако во првиот натпревар на домашен терен го победија фаворизираниот АЗ Алкмар со 2:1, фудбалерите на норвешкиот клуб губеа со истиот резултат по регуларните 90 минути. Сепак, во продолжението Алфонс Сампстед постигна гол за 2:2 и се пласираше меѓу осумте најдобри во новото европско клупско натпреварување.
Така, клубот од Бодо, град со 50.000 жители во северниот дел на Норвешка, по 23 години стана првиот клуб од својата земја во четвртфиналето на едно европско натпреварување, кога тоа го направи Валеренга во Купот на победниците на куповите. Претходно истиот успех го постигнаа уште три клуба – Розенборг, Лин и Бран.
Мислеа дека сме примитивци овде горе. Станови во Осло се издаваа со забелешка „не прифаќаме луѓе од северот на Норвешка“, нè злоупотребуваа, не сметаа исклучиво за земјоделци и рибари, некои сè уште мислат така. Не ни беше дозволено да играме во Националниот шампионат до 1971 година бидејќи се веруваше дека не можеме да им парираме на клубовите од југот“, раскажува спортскиот директор на клубот Орјан Берг.
Оваа сезона Бодо/Глимт ги сруши сите предрасуди и за прв пат во својата историја избори пласман во групната фаза на едно европско натпреварување. Ја мина без ниту еден пораз. Со три победи и три ремија беше втор во групата, а посебно забележано беше декласирањето на Рома на Мурињо, која ја победи со 6:1 во Бодо.
А пред само пет години ситуацијата изгледаше сосема поинаква. Бодо / Глимт играше во втората лига, откако испадна претходната сезона, а европски успех на северот од Норвешка не можеше ни да се сонува. Фудбалерите на Глимт се вратија во првата лига во 2018 година и завршија само на 11. место.
Во последните 15 години, Бодо / Глимт потроши нешто повеќе од еден милион евра на дојдовни трансфери. Неговите најголеми адути се одличната фудбалска школа и скаутската служба, која ги открива фудбалерите ширум земјата. Приоритет обично не е на талентот, туку на способноста на играчот да се вклопи во воспоставениот систем 4-3-3 на тренерот Кјетил Кнутсен, кој се карактеризира со постојан висок пресинг.
Системот создаде поединци од чија продажба Глимт заработи околу 25 милиони евра во последните пет години. Зимава го испратија Ерик Ботеим во Краснодар за пет милиони евра, а Патрик Берг во Ленс за половина милион помалку. Минатата година се истакна трансферот на младиот Јенс Петер Хауге во Милан за 4,80 милиони евра.
Со нови херои, Бодо / Глимт ќе се соочи повторно со Рома. Само два натпревари го делат да оди чекор понапред од сите други и да стане првиот норвешки клуб во полуфиналето на едно европско натпреварување.