Интер оствари уште една убедлива победа во Серија А. Тимот на Симоне Инзаги славеше со 0-4 на гости кај Лече. Сега „нероаѕурите“ имаат девет бода предност пред Јувентус и еден одигран натпревар помалку од „старата дама“.
Лаутаро Мартинез во 15.минута обезбеди предност за Интер, а вториот гол го постигна Давиде Фратези во 54.минута. Потоа Лаутаро Мартинез уште еднаш ја затресе мрежата на домаќинот, а конечниот епилог го постави Стефан Де Фрај со голот во 68.минута.
https://twitter.com/i/status/1761802475139481724 https://twitter.com/i/status/1761818698812150217Екипата на Интер продолжува да игра во фантастична форма и славеше со убедливи 0-4 (0-1) на гостувањето кај Лече во рамките на 26. коло од италијанската Серија А. „Нероаѕурите“ се на одличен пат да ја освојат шампионската титула, а тоа го докажуваат со секое изминато коло. Симоне Инзаги на теренот изведе прилично комбиниран тим и одмори неколку важни играчи, но тоа воопшто не влијаеше на конечниот епилог.
https://twitter.com/i/status/1761819287679856741Првото полувреме понуди помалку мирно темпо на двете страни, Интер немаше премногу шанси за гол, но сепак го отвори резултатот во 15. минута преку феноменалниот Лаутаро Мартинез. Лече се обиде да возврати, но до паузата остана истиот резултат, 0-1.
https://twitter.com/i/status/1761822402294480910Гостите прикажаа комплетно поинаква слика во вторите 45 минути и многу бргу го решија прашањето на победникот. Најпрво Давиде Фратези зголеми на 0-2 во 54. минута по одличната асистенција од Алексис Санчез, а бргу потоа дојде и третиот погодок во мрежата на домаќините. Стрелец беше повторно Латуаро Мартинез, кој истрча една пеколна „контра“ и без проблем го матираше голманот Фалконе, само две минути подоцна.