Доријан Бабунски учествуваше со гол во убедливата победа на Дебрецин над Залаегерсег (3-0) во 17. коло од унгарскиот шампионат.
Шчечи погоди за водство на Дебрецин по три минути игра, а потоа Џуџак од пенал во 35. минута донесе предност од 2-0 за домаќините.
Бабунски во второто полувреме од натпреварот, во 53. минута го постигна третиот гол на Дебрецин на натпреварот, по што беше заменет во 73. минута.
Ова беше петти гол за Бабунски во дресот на Дебрецин оваа сезона.