Интер го совлада Кремонезе на гости со 1-2 и се врати на втората позиција на табелата во Серија А со 40 бода, десет помалку од лидерот Наполи. Лаутаро Мартинез беше херојот во тимот на Интер, ги постигна двата гола на овој натпревар и не дозволи изненадување.
Кремонезе поведе со прекрасниот гол на Окереке во 11.минута и го шокираше Интер. Десет минути подоцна изедначи Лаутаро Мартинез откако одлично реагираше на одбиената топка по шутот на Един Џеко.
Аргентинецот во 65.минута се погрижи и за целосен пресврт и три бода за Интер од овој дуел.