Аргентинскиот “Ел Кофиденциал” со одлична сторија за тоа што го мачи еден од најдобрите играчи во историјата.
Весникот пишува дека Меси минатата недела од Париз отпатувал во Барселона за да вечера со Чави, Бускетс и Алба. Неговиот пријател, Жерар Пике не бил на вечерата. Нивниот однос наводно се заладил откако Меси ја напушти Барселона, а аргентинскиот напаѓач не е задоволен од начинот на кој Пике се однесувал во таа ситуација.
Ниту Барселона не ги доживува најдобрите денови, пишува “Ел Кофиденциал”. Испадна од Купот на кралот, Лигата на шампионите и Суперкупот, а моментално се бори за виза во Лигата на шампионите. Меси таму помина дури 20 години и не е среќен што неговиот клуб страда. Сепак, тој ја напушти вечерата со сериозно лице. Тој е лут на Лапорта, човек на кој му веруваше, а кого сега го обвинува што не останал во Барселона.
Аргентинскиот весник пишува и дека Меси често оди на патувања во Барселона или Аргентина. Навистина му недостасуваат двете татковини, шпанскиот јазик и тамошната кујна. Во ПСЖ се чувствува велат, како во туѓо тело а за тоа има неколку причини.
Времето во Париз е премногу студено и премногу дождливо во однос на Барселона, а тој нема многу блиски пријатели во соблекувалната бидејќи не го научил јазикот, иако ПСЖ му обезбеди на неговото семејство приватни наставници и возачи за да го совладаат јазикот како што поскоро.
Изгледа многу депресивно истакнуваат Аргентинците, па не е ни чудо што не игра толку добро како што може. Тој не живее во луксузна куќа како што беше случајот во Барселона. Тој се пресели во куќа од 300 квадратни метри во близина на Паредес и Ди Марија, неговиот соиграч.