Репрезентацијата на Русија е првиот финалист на Европското првенство во Холандија откако во драматичен дуел ја совлада Украина со 3:2. Натпреварот, секако, беше од посебно значење со оглед на тоа што двете земји се на работ на војна, а ова е прв меѓусебен спортски дуел откако тензиите го достигнаа својот врв.

Русите водеа со 2-0 со головите на Антон Соколов и Андреј Афанасиев до 15. минута. Украинците веднаш решија да играат со голманот и тоа вроди со плод во следната минута кога Јевген Сири го намали водството. Артем Нијазов повторно дојде до предност од два гола во 31. минута, а потоа започна драмата.

Во 35. минута Данил Абакшин погоди за 3:2, а на точно една минута пред крајот имаа пенал за израмнување. Сепак, Петро Шотурма го погоди во нозете рускиот голман Дмитриј Путилов. До крајот имаа уште една голема шанса во последните секунди, но не успеаја да постигнат гол.

https://twitter.com/LancelotSir7/status/1489654860454711304?s=20&t=Z4rwAA1nfc3zYteUkixlhA

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат актуелните европски и светски прваци Португалија и Шпанија. Финалето е закажано за в недела, како и натпреварот за третото место. Русија веќе еднаш го освои турнирот, во 1999 година во Шпанија.