Висар Муслиу имаше фантастично деби за Инголштад ,откако неговиот тим со 5:0 славеше на гостувањето кај Нирнберг.
Македонскиот репрезентативец ги одигра сите 90 минути и со тоа на одличен начин ја започна авантурата во германскиот второлигаш, каде што опстанокот ќе биде главна цел.
Флоријан Пик (13′), Денис Екерт (17′) и Филип Билбија во 41-та минута донесоа огрмни 3:0 за гостите по првиот дел, а печат на победата ставија Патрик Шмид и Валмир Сулејмани во 49-та и 80-та минута.
Со оваа победа, Инголштад дојде до 13-от бод во Бундеслига 2 и сè уште е на последното место, но, сега има четири бода помалце од местото кое што носи плеј-аут, но, и два натпревари повеќе.