Роберт Левандовски ќе мора да се задоволи со наградата за најдобар напаѓач на овогодинешното доделување на Златната топка на „Франс Фудбал“.
Наградата се доделува статистички, на фудбалерот кој постигнал најмногу голови за клубот и репрезентацијата.
Многумина сметаат дека оваа награда е воведена токму оваа година со цел „Франс фудбал“ да се оправда дека не му ја додели главната награда на полскиот напаѓач.
Тоа само значи дека Лео Меси по седми пат во кариерата ќе ја освои престижната награда.
Минатата година изборот за топката на Злтана не се ни одржа поради пандемијата на коронавирус. Многумина сметаат дека ова беше голема неправда кон Роберт Левандовски, кој имаше одлична индивидуална статистика и го доведе Баерн до освојување на сите најважни трофеи. Одличниот Полјак и годинава е еден од фаворитите, но не и најголем.