Арсенал ја продолжи победничката низа и на дуелот против Лестер славејќи со 2-0. „Топчиите“ сега го прескокнаа Манчестер Јунајтед на табелата, а имаат и три одиграни натпревари помалку, во трката за пласман во Лигата на шампионите.
Томас Парти во 11.минута донесе водство за составот на Микел Артета, а во вториот дел Александре Лаказет реализираше пенал во 59.минута за потврда на триумфот.