“Бесплатниот“ трансфер на француската звезда од ПСЖ, Килијан Мбапе, Реал Мадрид ќе го чини 170 милиони евра во старт.
Во шпанскиот гигант ќе се пресели како слободен играч, но далеку од тоа дека Реал нема да има високи трошоци за него. Шпанските медиуми тврдат дека во старт, мадридскиот клуб ќе има обврска да плати 170 милиони евра, од кои 120 милиони како бонус за потпис кои ги бара Мбапе и 50 милиони за првата сезона од договорот. Тоа може да предизвика и проблеми во соблекувалната бидејќи најплатен играч во моментов е Тони Крос со годишна плата од 25 милиони евра бруто.
Освен ова, според информациите од Шпанија, Мбапе барал во договорот да бидат вклучени приходи од правата на имиџ. Реал немаше практика да става такви клаузули во договорите, дури ни со најголемите ѕвезди, но можно е поради Французинот да го прекрши тоа правило.