Артуро Видал стана хит на социјалните мрежи, со видео на кое Чилеанецот е уловен во претерено алкохолизирана состојба, во која има проблеми и да седне во автомобилот, со кој е одвезен од локацијата.
„Газета дело Спорт“ објави дека снимката е направена три дена пред премиерниот дуел на Интер сезонава против Џенова, па нејасно е зошто толку доцна „протече“ по социјалните мрежи.
Интер претходно знаел за видеото и навреме разговарал со фудбалерот околу ваквото однесување.