Македонската фудбалска репрезентација веќе трет ден како се подготвува за квалификациските предизвици кои претстојат. Против Лихтенштајн на 8. на гости односно против Германија на 11. октомври на домашен терен.
Нашите репрезентативци се подготвени за предизвикот, да ја остварат првата победа под водство на селекторот Благоја Милевски.
„Ние одиме да ги освоиме сите шест бода. Против Лихтенштајн но и против Германија. Мора да одиграме добро, онака како што одигравме на претходните мечеви но и да поправиме се она што не чинеше само реализацијата. Нема да биде лесно, Лихтенштајн не е лесен противник. Да не зборуваме за Германија, најпрво мислиме на првиот меч“ – изјави Елмас.