Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, очекувано го измеша составот и на дуелот против Гибралтар ќе има седум промени во однос на последниот натпревар против Грузија.
Во секоја линија ќе има по најмалку две промени. Меѓу стативите е Дамјан Шиковски на местото на Столе Димитриевски, а во одбраната ќе ги нема Муслиу и Велковски, ќе играат Серафимов и Зајков. Исто така новитет на левата бековска позиција е Кире Ристевски, десно на местото на Ашковски ќе игра Тодор Тодороски.
Во средниот ред ќе имаме тројца стандардни фудбалери, измена е стартерот Бобан Николво на местото на Стефан Спировски, додека во нападот прекомандуван е Езџан Алиоски кој ќе има повеќе офанзивна улога на овој дуел и го зазеде местото на Александар Трајковски. Во шпицот од првата минута тргнува Бојан Миовски на местото на Милан Ристовски.
МАКЕДОНИЈА (4-3-3): Шишковски; Тодороски, Серафимов, Зајков, Ристевски; Николов, Елмас, Барди; Алиоски, Миовски, Чурлинов
ГИБРАЛТАР (4-3-3): Банда; Лопес, Оливеро, Анесли, Чиполина; Брито, Каскиаро, Вајсмен; Вокер, Ториља, Валарино
Натпреварот меѓу Македонија и Гибралтар се игра со почеток од 18:00 часот на Арената „Тодор Проески“ во Скопје. Ова е последен натпревар за нашиот национален тим во јунскиот термин кој беше пеколен, со четири меча, две гостувања и две домашни средби, во само десет дена