Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов одигра одличен меч за Штутгарт во победата од 5-2 против Валенсија, при што постигна еден гол и две асистенции.

Чурлинов асистираше при третиот гол на Штутгарт, кој го постигна Силас во 46. минута од натпреварот (3-1), по што асистираше и при погодокот на Переа во 58. минута, а одличниот настап го комплетираше со гол во завршницата.