Македонскиот репрезентативец Доријан Бабунски продолжува со одличните партии во подготвителниот период на својот Дебрецин. Новопечениот напаѓач на нашата најдобра селекција денес го постигна вториот погодок летово во дресот на унгарскиот тим, на пријателнскиот натпревар против Ниѓерихаза.
Дебрецин, токму со погодокот на Бабунски, славеше со минимални 1-0, а 25-годишниот напаѓач мрежата на противникот ја затресе во 62. минута од натпреварот. Претходно, Бабунски постигна погодок и на пријателскиот дуел против австриски Волфсбергер.
Македонскиот центарфор во редовите на Дебрецин се пресели на почетокот на оваа година, по фантастичната полусезона во дресот на Ботев Враца од Бугарија.