Фудбалерите на Сасуоло направија големо изненадување славејќи против Милан на „Сан Сиро“ со резултат 3:1.
Се чинеше дека „росонерите“ ќе стигнат до нова победа кога во 21. минута прецизен беше Алесио Ромањоли.
Сепак, нивната радост траеше само три минути откако Џанлука Скамака успеа да израмни, за истиот играч да учествува во акцијата во 33. која заврши со автогол на Симон Кјаер.
Фудбалерите на Милан не можеа да се соземат од тој шок, па до крајот примија уште еден гол кога Доменико Берарди погоди во 66. минута.
Во продолжение исклучен беше стрелецот на единствениот гол за домашните Алесио Ромањоли во 77. минута.
https://www.youtube.com/watch?v=GqE41BzqPpM
Во вториот меч на денот, Болоња на Синиша Михајловиќ славеше во Специја со резултат 1:0.
Натпреварот го реши ударот на Марко Арнаутовиќ од белата точка во 83. минута од натпреварот.