Во вториот натпревар од квалификациите за Светското првенство, српските кошаркари загубија од Белгија со 73:69 (21:13, 20:16, 22:25, 6:19).
Србија беше убедлива во текот на првото полувреме, но во последната четвртина Белгија направи пресврт, додека „орлите“ одиграа очајно во последните 10 минути од натпреварот.
Домаќините ги постигнаа првите поени на натпреварот, но Србија оствари предност од 13:7 со две мини-серии од 5:0, а потоа и 6:0 по шест минути игра. Бегија дојде до два поени разлика, но Теодосиќ со две врзани тројки ја зголеми предноста за српскиот тим на осум поени. Србија продолжи да ја контролира играта до крајот на првата четвртина, па по првите 10 минути резултатот гласеше 21:13.
На стартот од втората четвртина, Петушев погоди за прва двоцифрена предност на Србија. Центарот на Ефес добро реагираше во одбраната, прво блокада, па скок, а потоа изнуден фаул на другата страна, но Србија не ја искористи можноста да ја зголеми предноста и Белгија успеа да врзе пет поени и да ја намали разликата. Сепак, по три и пол минути Србија преку Ристиќ успева да стигне до кошот, а серијата ја продолжија Јагодиќ-Куриџа и Аврамовиќ за максимални +11. Акјазили веднаш намали со лесни поени под кошот. Аврамовиќ влезе во серија и врза пет поени на +14 на две минути до крајот. Мвема со тројка намали на девет поени, но налетот на Белгија беше прекинат со тројка на Теодосиќ.
По враќањето на теренот, Белгијците добро го организираа нападот и остварија серија од 9:0 со што заостануваа само три поени зад српскиот тим. Аврамовиќ конечно со лесни поени го прекина налетот на домашните. Обасоан ја предводеше Белгија во третата четвртина и постигна клучни поени под кошот. Теодосиќ на три минути пред крајот на третата четвртина ја зголеми предноста на Србија на 52:44. Дангубиќ со тројка ја врати Србија на +12, но Жиле погоди на другата страна, па Србија имаше +9 во последните 10 минути.
По неполни три минути игра беа постигнати првите поени, на страната на Белгија, а Загорац ја врати Србија на +9. Бако врза шест поени, а потоа Ван Росо ја донесе Белгија на поен заостанување, Мвема на три и пол минути до крајот ги донесе домашните до првото водство од 66:65, додека Србија застана на само два поени. Предноста се менуваше до крајот на натпреварот, а Србија прокоцка два важни напади, кои ја чинеа пораз.
Најефикасен во српскиот тим беа Аврамовиќ со 19 поени, Петрушев постигна 16, Теодосиќ 14 со седум асистенции.
Белгија ја предводеше Ван Росом со 20 поени, Бако стигна до 14, а Мвема заврши на 11.