Пред крајот на првата четвртина Дончиќ заработи техчничка грешка поради приговор кон судиите. Според него тој беше фаулиран, но истото мислење не го делеа арбитрите на натпреварот. Во нивниот извештај стои дека бил казнет поради континуиран приговор кон судиите.
“Искрено не знам зошто добив техничка. Го прашав судијата дали беше фаул, а тој ми даде техничка грешка. Не знам за што ја добив. Не е фер“, изјави Дончиќ по мечот.
Техничката грешка само по себе не е проблем, но за Дончиќ оваа сезона е 16-та и значи автоматски суспензија од еден натпревар. Може да го спаси само лигата доколку истата му ја поништи, што веќе еднаш се случи.
Далас на последниот дуел оваа сезона игра против Сан Антонио,но истиот е важен. Маверикс осигураа место во плеј-офот, но по оваа средба ќе биде познато од која позиција ќе тргне во плеј-офот, дали од третото или четвртото место. За трето место им е потребно победа над Спарси и пораз на Вориорс.
Резултати: Детроит – Милвоки 101-131, Вашингтон – Њујорк 92-114, Бруклин – Кливленд 118-107, Торонто – Хјустон 117-115, Чикаго – Кливленд 117=133, Мајами – Атланта 113-109, Далас – Портланд 128-78, Јута – Феникс 105-111, ЛА Лејкерс – Оклахома 120-101.