Тренерот на Бостон Селтикс, Име Удока е суспендиран и ќе ја пропушти целата сезона 2022/23 поради кршење на клупските правила.
Име Удока имаше многу добра сезона во 2021/22, а Бостон играше во финалето против Голден Стејт, каде беше поразен по шест натпревари.
Сезоната 2022/23 ќе ја започне без тренерот Име Удока, кој имал сексуални односи со колешка, што е забрането со статутот на Бостон Селтикс.
Американските медиуми пишуваат дека веќе се знаело за љубовната врска меѓу двајцата колеги минатото лето, но се испоставило дека неименувано женско лице го пријавило Име Удока кај челниците на тимот.
Внатрешната истрага заврши со состанок зад затворени врати во рамките на Бостон Селтикс на кој присуствуваа Име Удока, Бред Стиенс и сопствениците на франшизата од Масачусетс.
“Сакам да им се извинам на играчите, навивачите и целата заедница на Селтикс, но и на моето семејство што го изневерив сите. Жал ми е што поминувате низ сето ова и ја прифаќам одлуката на клубот. Од почит кон сите нема да коментирам повеќе за ситуацијата“, рече Удока.