Никола Јокиќ направи скандалозен потег и му се заканува суспензија.

Тој на мечот со Мајами Хит со лакт одзади го удри Маркиз Морис и буквално го нокаутираше.

Јокиќ ги шокираше сите со својата реакција откако Морис  налета на него.

Инцидентот се случи на две и пол минути пред крајот на натпреварот при водство на Денвер Нагетс со 111:94.

А ова бепе најдобриот меч на Јокиќ во сезоната во кој забележа трипл-дабл со 23 поени, 15 скока и 10 асистенции.

Несомнено е дека на Јокиќ поради овој непромислен потег му се заканува тешка казна.

„Се чувствувам многу, многу лошо“, рече Јокиќ откако го погледна видеото и виде дека Морис силно удира на подот.

Мајами тврди дека Морис го повредил вратот.

Денвер го победи Мајами со 113:96, со 25 поени на Вил Бартон и 13 на Џеф Грин.

Џими Батлер ги предводеше Хит со 31 поен, додека Данкан Робинсон додаде 13.

https://twitter.com/i/status/1457926940741062656